Назад
  • EN

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМЕЈНА СТАНБЕНА КУЌА – КРУШЕВО, СПОМЕНИЧНА ЦЕЛИНА

Намена:  РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМЕЈНА КУЌА ВО СПОМЕНИЧНО ПОДРАЧЈЕ

Тип на објект: Семејна станбена куќа, лоцирана во „Споменична целина Крушево“

Овој проект претставува внимателно обликувана интервенција која има за цел да ја зачува автентичноста на постоечката куќа и нејзиниот историски карактер, притоа овозможувајќи подобра функционалност, безбедност и долгорочна одржливост.

Нашиот тим вложи значајно внимание во анализата на постоечката состојба и разви решение што го почитува културното наследство, со интеграција на современи градежни и енергетски стандарди.

Проектот вклучува:

  • Вметнување на засебна армирано-бетонска конструкција со сопствени темели во внатрешноста на постојниот објект
  • Инсталација на тоалети на првиот и вториот кат
  • Реконструкција на сите три нивоа со зачувување на постојниот габарит
  • Замена на дрвената покривна конструкција со нова и обнова на две дрвени тераси
  • Замена на старата дрвена столарија со нова
  • Чистење и обнова на трите камени фасади; термоизолација на малтерисаната предна фасада

Година на проектирање: 2025

Локација: ул. Киро Фетак бр. 24, КП 4842, КО Крушево, Општина Крушево

Документација : Основен проект