Намена: ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА ПРИЗЕМНА СЕМЕЈНА КУЌА
Тип на објект: Семејна станбена куќа во урбано подрачје – Визбегово, Скопје
Овој проект претставува современо архитектонско решение за приземна семејна куќа, со јасно дефинирана просторна организација и нагласок на ориентацијата, дневната светлина и комфорниот проток низ просторот.
Влезот е централно поставен на северната фасада и води кон ходник од кој се пристапува до сите главни простории.
Проектот вклучува:
- Дневна соба и кујна со трпезарија во отворен концепт, ориентирани кон југоисток и југ
- Две детски соби и една родителска спална соба, позиционирани на југозапад и југоисток
- Родителската соба е со сопствено купатило и walk-in гардероба
- Ефикасна и комфорна распределба со природно осветлување и приватност како приоритет
Година на проектирање: 2025
Локација: КП 1202/5, КО Визбегово, Општина Бутел, Северна Македонија
Документација : Основен проект









