Проект за доградба | Унапредување на образовните капацитети
Проектот за доградба на Основното училиште „Сами Фрашери“ во Општина Боговиње е во тек и претставува насочена инвестиција за зголемување на просторните капацитети на училиштето и унапредување на квалитетот на образовната средина. Со проектната реализација се предвидува изградба на околу 400 m² нов образовен простор, со што се одговара на постојниот недостаток од училнички капацитет и се создаваат услови за воведување едносменска настава.
Доградбата, која е предмет на тековната реализација, опфаќа четири нови функционални простории: една училница, два специјализирани кабинети и една наставничка канцеларија, дополнети со комуникациски површини и санитарни јазли. Во рамки на проектот, посебно внимание е посветено на пристапноста, со предвидување санитарен јазол наменет за лица со попреченост и обезбедување инклузивно и непречено користење на објектот.
Архитектонското и функционалното решение на доградбата, која се изведува со катност П+1, е осмислено така што целосно се вклопува со постојниот училишен објект, следејќи ја неговата форма, размер и кровно решение. Со тоа се овозможува училиштето и понатаму да функционира како единствена и усогласена образовна целина.
Очекувани ефекти од проектот во тек сеоектот вклучува:
- зголемување на училничките капацитети и подобрување на просторната организација
- создавање услови за организирање едносменска настава
- унапредена пристапност, безбедност и функционалност
- подобрени услови за учење и работа на учениците и наставниот кадар
Проектот за доградба на ООУ „Сами Фрашери“ директно придонесува кон долгорочниот развој на основното образование во општината и е насочен кон создавање современа, инклузивна и ефикасна средина за учење за сегашните и идните генерации.



